Нормак инвестмент груп стартува со изградба на зоната во Тетово

Bez autora
Nov 07 2013

Нормак инвестмент груп, норвешко-американскиот конзорциум кој на почетокот на годината беше избран да стопанисува со технолошко-индустриската зона во Тетово по принцип на јавно-приватно партнерство, во петок ќе постави камен-темелник на почеток на нејзината изградба. Нормак конзорциумот е составен од четири норвешки бизнис асоцијации и една американска компанија која се занимава со недвижнини во индустрискиот сектор а концесионерот, како и Владата, ќе имаат задача привлекување на странски инвеститори во оваа индустриска зона, која е прва во земјава поради нејзиното управување преку Јавно приватно партнерство. Според директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, обврска на инвеститорот е да ја изгради внатрешната инфраструктура во зоната, додека Владата работи на изградба на надворешната инфраструктура до зоната. Оваа зона е уште една опција на странските инвеститори да го лоцираат своето производство во некоја од слободните зони во Македонија, секако со поволните услови што им ги нуди Владата.

Нормак инвестмент груп стартува со изградба на зоната во ТетовоНормак инвестмент груп, норвешко-американскиот конзорциум кој на почетокот на годината беше избран да стопанисува со технолошко-индустриската зона во Тетово по принцип на јавно-приватно партнерство, во петок ќе постави камен-темелник на почеток на нејзината изградба.

Нормак конзорциумот е составен од четири норвешки бизнис асоцијации и една американска компанија која се занимава со недвижнини во индустрискиот сектор а концесионерот, како и Владата, ќе имаат задача привлекување на странски инвеститори во оваа индустриска зона, која е прва во земјава поради нејзиното управување преку Јавно приватно партнерство.

Според директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, обврска на инвеститорот е да ја изгради внатрешната инфраструктура во зоната, додека Владата работи на изградба на надворешната инфраструктура до зоната.

- Оваа зона е уште една опција на странските инвеститори да го лоцираат своето производство во некоја од слободните зони во Македонија, секако со поволните услови што им ги нуди Владата, потенцира Мизо.

Според него главната обврска на партнерот ќе биде да привлекува странски инвестиции во зоната, иако и Владата како партнер има обврска на странските инвеститори кои имаат интерес да инвестираат во Македонија да им ја понуди тетовската зона како опција.

Зоната се простира на површина од 97 хектари, а според договорот за јавно-приватно партнерство, конзорциумот има обврска во првите три години, да изгради 40% од зоната, а во наредните четири години останатите 60%. Норман инвестмент груп ќе стопанисува со зоната во наредните 96 години, а за возврат на државата ќе и дава надоместок за управување со земјиштето. Во нејзиниот развој конзорциумот треба да инвестира околу 19 милиони евра во внатрешната инфраструктура, царински терминал и во административна зграда.

Џонсон Мети го отвора вториот погон во Бунарџик

Компанијата "Џонсон Мети" во петок, на локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик свечено ќе ги отвори новите производствени погони во кои вложи 60 милиони евра.

Погоните ќе ги отворат претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, извршниот директор на ТИРЗ, Виктор Мизо, амбасадорот на Велика Британија, Кристофер Ивон и извршниот директор во Џонсон Мети", Џон Вокер.

Новата фабрика ќе ги произведува истите видови на производи како и првата фабрика. Со воведувањето на ново законодавство за емисии во Европа, ќе има зголемување на побарувачката за автомобилски катализатори, а втората фабрика е наменета за проширување на нивните капацитети, за да се одговори на порастот на побарувачката, главно од тешките возила како што се камиони и автобуси.

- Во првата фабрика имавме 300 вработени, а таа бројка сега се искачи на околу 450. Ќе регрутираме повеќе луѓе, како што ќе воведуваме нови смени на секоја линија, и се надеваме дека ќе стигнеме до 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет, изјави неодамна директорот на Џонсон Мети, Џатин Такрар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik